25 Април, 2024
0.0484

Апасиев: Дали пртетседателот на Уставен, Сали Мурати, свесно го саботира оценувањето на уставноста на Законот за банки

Објавено во: Финансии 05 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Димиртар Апасиев, пратеник и лидер на Левица, денеска преку својот фејсбук профил праша дали, како што пишува „претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, под влчијание на банкарското лоби, свесно ја бојкотира постапката за оценување на уставноста на Законот за банки?
Еве што напиша Апасиев. 

„Претседателот на Уставниот суд на РМ (во заминување) - Сали Мурати, кршејќи го Деловникот на Уставниот суд, свесно и злонамерно ја одолговлекува постапката за оцена на чл. 163, ст. 3 од Законот за банки - којшто му дава приоритет на наплата на Фондот за осигурување депозити, пред сите други оштетени доверители/депоненти/штедачи, во случај на пропаст на некоја банка.

Според инсајдерски информации од Уставниот суд, планот на Сали Мурати бил - до крајот на месец мај 2021, воопшто да не ја става на дневен ред оваа точка, за која Судот веќе донесе решение за започнување на постапка за оценка на уставноста на оваа спорна одредба. Ова, претседателот на Уставниот суд - Мурати, го прави со цел, во меѓувреме, да истечат мандатите на двајца судии кои гласаа ЗА укинување на овој контроверзен став, надевајќи се дека новите уставни судии - кои ќе бидат послушници од тефтерчињата на СДС и ДУИ - нема да ја укинат/поништат оваа фаворизирачка норма, играјќи повторно во интерес на банкарското лоби во Македонија, а на штета на граѓаните!“, пишува Апасиев на фејсбук.

Тој објавува и документ од кој се гледа дека Уставен суд го информира собранието дека мандатот на уставните судии Елена Гошева и Никола Ивановски, како и на Сали Мурати, кој ја врши фунцијата пртетседател на Утсваен суд, истекува на први јуни 2021 година. 
„Согласно горенаведеното, создадени се услови Собранието да избере тројца нови судии на Уставен суд“, се вели во барањето.


 

Како што е познато, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на спорниот член од Законот за банки, кој му дава предност на Фондот при наплатата на своите побарувања од стечајната маса.

Тогаш за Фактор од Уставен изјавбија дека ќе им треба најмалку еден месец за да ја донесат конечната одлука. 

Директорот на Фондот за осигурување депозити, Амир Шабани, тогаш за Фактор изјави дека ФОД очекува дека ќе си ги наплати парите од стечајната маса на Еуростандард банка. 

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка