Апасиев: Десет часот дојде, а уште нема државен ќотек на рисјански празник
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2021
Димитар Апасиев лидерот на Левица и пратеник денеска на фејсбук реагираше по повод празникот Водици обраќајќи им се на специјалците од МВР.
„Десет саат дојде, Водици е, а специјалците од МВР уште немаат уапсено или истепано ниеден македонски граѓанин!? Па вака ли бе министре ќе ја сочувуваме традицијата за државен ќотек на секој рисјански празник за време на пандемијава, што ја воведе СДС на Нашата Земја? пишува Апасиев.
Ова алудира на реакцијата на МВР во Вевчани кога беше растурена група луѓепод маски во време кога се одржува Вевчанскиот карневал кој годинава беше откажан.