Апасиев: Дочекавме судии да одговараат пред приправници!

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022
Изборот на новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, го искоментира и претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој вели дека СДСМ овој пат го направиле невозможното возможно.
„Судски службеник од Основен суд (стручен соработник на Кацарска) и член на Правната комисија на СДС – избрана за претседател на Судскиот совет кој ги бира судиите и пред кого тие одговараат дисциплински!? Значи, да повториме: дочекавме судии да одговараат пред приправници! Браво за СДС на Нашата Земја кои и невозможното го прават возможно“, коментира Апасиев.
Дамева беше единствен кандидат и за неа гласаа за 10 членовите на советот, против беше единствено Лорета Георгиева, судијка од Струмица. Таа од пред 3 години е член на Судскиот совет.
Новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.
Можеби ќе ве интересира
Пендаровски го собра дипломатскиот кор: Уставните промени наскоро на домашна агенда

Левица: Бугарски клуб во Куманово со име на заговарач на големобугарска идеја

Се бара притвор за малолетникот кој усмрти пензионер со голф во Бутел, полицијата го претстави како полнолетен

Граѓанинот пријавил во полиција дека некој друг подигнал брз кредит на негово име

Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Цел ден ќе се чува гробот на Гоце Делчев

ИНA: „Македонија пат“ го отстрани албанскиот јазик од униформите
