18 Април, 2024
0.0262

Апасиев и Левица се пофалија дека нивниот притисок ја натерал Владата да ја набави Спутник В - само дишење во врат за да работите

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Партијата Левица денеска се пофали дека нивниот јавен притисок ја натерал Владата да ја набави вакцината Спутник В.
Нашиот пратеник - Димитар Апасиев, уште пред Нова година, на седницата за пратенички прашања го праша министерот за здравство Венко Филипче, зошто навреме, односно уште во месец септември 2020 година, кога за тоа имало организирано комуникација, не се стапило во контакт со руските институции, за обезбедување на вакцината Спутник В?

Прашање е, зошто се чекаше толку долго, кога можевме да ја имаме оваа вакцина уште пред шест месеци!?

Со ова на фејсбук се пофали и лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој напиша. 
„Само у врат дишење за да работите...“, вели Апасиев, обраќајќи и се на Владата.
Апасиев го сподели и својот говор, односно пратеничко прашање во Собранието поставено до минисерот Венко Филипче, кое датира од крајот на минатата година.
„Дали министре е вистина информацијата што ја чувме од економскиот советник на руската амбасада во земјава, кој вели дека во септември лани, преку вас, сте му дале лице за контакт, извесна Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при МЗ да стапи во контакт со нивниот Фонд за директни инвестиции за обезбедување на руската вакцина.

Дали е вистина, и ако е, зошто не е исконтактирано, бидејќи еве сега дознаваме дека преку ковакс меганизмот на СЗО ние ќе добиеме иста таква вакцина дури во март годинава, што значи дека доцниме шест месеци, а сме можеле да ја имаме дури пред шест месеци“, прашал тогаш Апасиев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?