Добивај вести на Viber
Пратеникот Димитар Апасиев објави дека членот на „Левица“, Иван Јованоски, кој на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп влезе во вербална расправа со премиерот Зоран Заев, бил повикан на полициски распит.
- Браќата-рапери ПУКА Козметика, кои се на нашата советничка листа во Аеродром, наместо за прекршок се гонат кривично - со обвинителен предлог - за извикување „Македонија“ на протест!?
Народниот херој од 11 октомври од Прилеп - носителот на нашата советничка листа ИВАН Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата - денес е повикан на распит во полициска станица!?
Говорете ми нежно за „бутнавме Режим со пенкало“, објави Апасиев.