20 Април, 2024
0.0260

АПАСИЕВ ОБВИНУВА ДЕКА СДСМ ОД НИВ ЈА ПРЕКОПИРАЛЕ ИДЕЈАТА ЗА КАМАТИТЕ - ова е прв чекор кон кршење на прангите на должничкото ропство

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, реагира дека СДСМ од нив го препишале законот со кој се предвидува каматите да не можат да бидат поголеми од долгот, но тие се приклучиле на предлог законот, така што сега и Левица ќе бидат негови предлагачи.

„Вчера, СДС на Нашата Земја, се обиде ќутенката да препише дел од Изборната програма на Левица (од 2016 и 2020) насочена кон она што ние го викаме АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО.

Арно ама, јас и пратеникот Крмов, им напраивме една финта... Поднесовме писмено известување до спикерот дека се приклучуваме кон доставениот материјал, така што - формално правно - и ние сме предлагачи на овој добар закон, кој го донесовме со 80 гласа, а кој е буквално прекопиран од нашата програма (оти само ние од сите партии го имавме ставено како предизборно ветување)“, пишува Апасиев на својот фејсбук профил. 

Тој објаснува дека законот предвидува т.н. забрана на АНАТОЦИЗАМ - неможност за течење камати на каматите! 

„Ова е првиот чекор кон кршење на прангите на должничкото ропство на граѓаните, кога за главен долг од 500 ЕУР требаше да плаќаат и до 5.000 ЕУР!?

По доаѓањето на власт, ваквите регулативни мерки насочени против лихвобанкарите, а во корист на народот, ќе станат наша и ваша реалност“, пишува Апасиев.

Инаку, Фактор прв ја објави веста за предлог законските измени поднесени од група пратеници на владејачката коалиција, со кои се бара каматата да престане да тече кога таа ќе го достигне износот на долгот. 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин