Апасиев од собраниската говорница до двајцата позитивни присутни пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот
Објавено во: Македонија 18 Април, 2021
Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев, денеска од собраниската говорница им се закани на двајцата присутни позитивни пратеници на СДСМ кои дојдоа со скафандери и гласаат од кабината им порача дека први ќе одат во затвор кога ќе падне режимот.
„Според одлуката на Владата, во членот 11 се предвидува строга изолација карантин во домашни услови или во здравствена установа. Спротивно на членот 11 од оваа одлука, ова е кривично дело за кое не им важи нивниот имунитет. Први ќе одите во затвор кога ќе падне овој режим. Го доведовте и Собранието во ситуација да плати казна за тоа што го направивте“, рече Апасиев.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека сакал да го промени деловникот за гласање од дома на позитивните пратеници, но тоа било блокирано со 3.000 амандмани.
Џафери додаде дека здравствената комисија дозволила да можат да влегуваат пратениците позитивни на Ковид-19 без да имаат контакт со никого.