Апасиев: Вазалство не значи меѓународна политика
Објавено во: Македонија 27 Март, 2018
Димитар Апасиев, активистот и член на Левица, упати најжестоки критики до Министерството за надворешни работи за одлуката да протера руски дипломат од амбасадата на Руската Федерација во Македонија како солидарен потег кон Велика Британија.
„Протеруваш ДИПЛОМАТ од земја која те признава под уставно име, за да и угодиш на земја која не те признава ни под "разно"!?
#КајУчевтеДипломатијаБеГревчиња
#СкандалСастав
#ВазалствоНеЗначиМеѓународнаПолитика“, напиша Апасиев на социјалните мрежи
Вчера, петнаесетина земји од ЕУ и САД меѓу кои и Македонија, во координирана акција протереаа руски дипломати во знак на протест за труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал со нервниот гас Новичок во Англија при што се затру и неговата ќерка Јулија.