Апасиев: Вето од ДУИ со врзан потпис за пописот - Законот денеска пред пратениците
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2021
Претседателот на парламентот Талат Џафери за денеска го закажа продолжението на 29. седница на чиј дневен ред е и законот за попис – по скратена постапка и со европско знаменце.
Законот е блокиран подолго време во собранието, а за денеска е најавено дека ќе биде обезбедено мнозинство со оглед на тоа што Алијанса/Алтернатива најавија дека ќе го поддржат законот. Тие имаат 12 пратенци. Досега на владеачката коалиција тоа не и успеа.
Од друга страна опозицијата е категорично против, а ВМРО ДПМНЕ бара одложување на пописот за в година. Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, доцна синоќа во пресрет на денешниот собраниски ден стави објава со ознака фалсификат попис.
„Малце ни беше ВЕТОТО од Грција, па од Франција, па од Бугарија - утре и вето од ДУИ ќе си добиеме. Со врзан потпис, со све. Ах бре "Зајченце сивичко, зајченце миличко". Да ми е да знам кај ја тераш Македонија, напиша Апасиев.