25 Април, 2024
0.0278

АПЕЛ НА НЛБ БАНКА: Да се почитуваат превентивните мерки

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на пандемија од вирусот Covid 19, НЛБ Банка презема повеќе превентивни мерки со цел спречување на ширење на заразата, како и поголема заштита на здравјето на клиентите и вработенитеи што побезбедно и поедноставно спроведување на сите банкарски трансакции.

Со цел поголема заштита при посета на експозитурите реализирани се следните активности:

Ø  Поставени се ознаки за чекање ред во експозитурите и надворешниот простор пред експозитурите со цел одржување на растојание од минимум 2 метри.

Ø  Пред сите експозитури ангажирани се редарии лица за обезбедување задолжени за спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу клиентите.

Ø  Во експозитирите е дозволен влез во групи од 3 до 5 лица, еднакво на бројот на присутни  вработени во експозитурата.

Ø  Клиентите постари од 67 години се опслужуваат во период од 10 до 12часот.

Ø  Во сите експозитури поставени се средства за дезинфекција, при што потребно е клиентите да се дезинфицираат при самиот влез и излез од експозитурата.

Ø  Спроведување на засилена дезинфекција на сите простории, експозитури и банкомати со цел поголема заштита на посетителите и вработените.

Ø  Во тек е активност за опремување на експозитурите со заштитни маски за потребите на клиентите.

Пoкрај мерките за заштита на клиентите кои ги посетуваатекспозитурите, Банката постојано апелира да се спроведуваат сите трансакции преку дигиталните канали без потреба од посета на експозитура.

Со цел минимизирање на посетите на експозитурите НЛБ Банка ги понуди следните поволности:

Ø  Овозможено е бесплатно електронско и мобилно банкарство, со цел клиентите што помалку да ги посетуваат експозитурите и да можат самостојно да ги извршуваат сите банкарски работи од дома

Ø  Извршена е предвремена исплата на пензиите, и истите се достапни од 25.3 на НЛБ Банкоматите

Ø  Од денес е овозможена достава на НЛБ Картичките на домашната адреса на клиентите.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат клиентите на доследно почитување на превентивните мерки од НЛБ Банка и од Министерството за здравство!

Експозитурите да се посетуваат само кога е неопходно!

Сите трансакции да се вршат преку НЛБ Клик - електронското и НЛБ мКлик мобилното банкарство.

За уплати и исплати да се користат НЛБ Банкоматите.  

Да се избегнува готовина заради ризик од ширење на зараза и секаде каде што е можно да се плаќа со картички со бесконтактна технологија.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет