АПЕЛАЦИЈА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА: Катица Јанева останува во куќен притвор
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020
Апелациониот суд ја одби жалбата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева со која таа бараше да се брани од слобода.
Јанева останува во куќен притвор.
На наредното рочиште за случајот „Рекет“, е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. На 20 јануари треба да се одржи следното рочиште.
Во случајот „Рекет“ обвинет е и Бојан Јовановски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Зоран Милески Кичеец призна вина и доби казна од три години затвор.
Јанева во затворот во Шутка беше од 21 август до пред почетокот на судските рочишта на 3 декември.Поранешната заменичка на Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска, на почетокот на месецов во свое сведочење на судското рочиште за случајот „Рекет“ потврди дека го потпишала мислењето за издавање на времена патна исправа за бизнисменот Јордан Камчев како обвинет во „Империја“.