АПЕТИТИТЕ РАСТАТ: Нетанјаху ветува анектирање на повеќе територии
Објавено во: Свет 16 Септември, 2019
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху за Радиото на израелската армија денеска изјави дека планира да ги анектира „сите населби“ на Западниот Брег доколку победи на изборите.
На прашањето дали тоа ја вклучува енклавата на неколку стотици доселеници што живеат во немирниот Хеброн, тој рече: „Секако“.
Тој вети дека ќе ја анектира Јорданската долина, област што се смета за житница на Палестинците. Критичарите велат дека неговите ветувања ќе ја елиминираат и последната трошка палестинска надеж за формирање посебна држава.
Претходно на ваквите идеи се спротивставија повеќе држави.Турција истакна дека никако не може да се прифати изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху околу тоа дека ќе ја анектира Јорданската долина која се наоѓа на Западниот Брег.
Во соопштението на турското Министерство за навдорешни работи воедно се додава дека Турција ќе продолжи да стои покрај братскиот палестински народ и со сета сила да ја поддржува праведната борба за независност на државата Палестина.
Франција, Германија, Италија, Британија и Шпанија изразија голема загриженост од ветувањето на израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху во врска со израелската анексија на долината Јордан во окупираниот Западен брег.