27 Септември, 2024
0.0271

Арафат Муареми задоволен од тоа што Рускоска ќе биде разрешена

Објавено во: Македонија 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Стручноста и интегритетот се основа на секој професионалец и верувам дека при процесот на одлучување тоа биле основните параметри кои во овој случај се ценеле од страна на комисијата, рече поранешниот директор на финансиската полиција, Арафат Муареми во изјава за „Алсат“ по одлуката на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство, со која се препорачува Вилма Рускоска да биде разрешена од обвинителската позиција,

„Јавнообвинителската функција постои за да се почитува законот и неговата ефиканост, а не обратно. Секоја злоупотреба треба да биде соодветно санкционирана и одговорност за секое незаконско постапување мора да има“, искоментира Муареми.

Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција вчера во краток коментар рече дека не смета оти е поразена и најави борба со сите средства.

- Ќе се борам до крај со сите средства - истакна таа и додаде дека оваа одлука била донесена одамна, бидејќи не и биле прифаќани сведоци и докази.

Таа влезе во судир со екс директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, кога нареди претрес на просториите на финансиска полиција. Тогаш Муареми беше дел од предистражна постапка. Тој се пожали дека бил под притисоки дека одлуката за претрес била нелегална, односно, со неправилности. Тогаш главниот обвинител љубомир Јовески, ја суспендираше Рускоска, а Муареми поднесе оставка. вели Русковска за порталот, додавајќи дека одлуката била донесена одамна, уште кога таа била на сослушување во Обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“