Арапите имаат сценарио, цените на нафтата нокаутирани
Објавено во: Економија 06 Декември, 2018
Саудиска Арабија смета дека ОПЕК треба дневно да го намали производството на нафта за милион барели, за да се спречи падот на цените.
Министерот за енергетика, Халид ал Фалих го изјави ова во очи на состанокот на ОПЕК.
Се вели уште и дека Саудиска Арабија ќе ги слушне сите ставови.
По овие најави цените на нафтата паднаа за 4%.
Нафтата брент се тргуваше за 58,65 долари за барел, а лесната нафта WTI се намали за повеќе од 4.5% на 50,47 долари за барел.
Во октомври и ноември цените на сировата нафта се намалија.