Арапите ќе градат хотели и вили во Улцињ
Објавено во: Балкан 26 Август, 2019
Арапи сакаат да градат ресорт кај црногорскиот град, Улцињ вреден милијарда евра.
За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет.
Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот Мавриан Лакшари Ресорт (Mavrian Luxury Resorts).
На површина од околу 63 хектари, ќе биде изградено пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети.
Според градоначалникот на Улцињ, Љоро Некиќ, вредноста на инвестицијата е меѓу 600 милиони и милијарда евра.
Некиќ најави дека општината ќе бара согласност од Министерството за финансии за продажба на својот дел од земјиштето, што е проценето на околу 20 милиони евра, јавуваат црногорските медиуми.