Арапите со најавата направија хаос - Нафтата „лета“ во небото
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2018
Цените на сировата нафта бележат галопирачки скок откако Саудиска Арабија објави дека следниот месец ќе го намали производството.
Саудиска Арабија најави дека од следниот месец ќе го намали производството на нафта за половина милион барели дневно поради намалената побарувачка.
Тоа е сфатено како знак дека ОПЕК би можел на следниот состанок во декември да најави координиран рез во производството, во обид да ги одржат цените.
Нафтата од типот брент утрово скокна скоро 2 отсто на 71,55 долари за барел, додека американската лесна нафта во Њујорк скокнала за 1,3 отсто, на нешто повеќе од 61 долар.