АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија
Објавено во: Економија 27 Септември, 2024
Aргентина тоне во сиромаштија.
Процентот на луѓе кои живеат во сиромаштија се зголеми на 52,9 отсто во првите шест месеци од 2024 година под претседателството на десничарскиот либерален економист Хавиер Милеи, покажаа официјални податоци објавени вчера.
Како што пренесува ДПА, стапката е зголемена за повеќе од 10 проценти во споредба со втората половина од 2023 година, покажаа податоците објавени од националната агенција за статистика Индек.
Стапката на поединци кои ги исполнуваат критериумите да се категоризираат како сиромашни се зголеми од 11 отсто во последните шест месеци од 2023 година на 18,1 проценти во првата половина од 2024 година.
Портпаролот на претседателот, Мануел Адорни пред објавувањето на извештајот на Индек рече дека податоците „ќе ја одразуваат суровата реалност низ која поминува општеството“ како „последица на популизмот што ја подложи Аргентина на толку многу години несреќа и пустош“.
Портпаролот рече дека борбата против сиромаштијата мора да почне со борба против инфлацијата, наведувајќи го падот „од 25,5 отсто во декември на 4 проценти денес“.
Адорни рече дека „во првите девет месеци од владата“ имало рекордни заеми за семејни хипотеки и за инвестиции. „Најголемата законска реформа во историјата е спроведена и сега има очекување Аргентинците да имаат подобра иднина“, додаде тој.
Милеи, кој ја презеде власта во декември, рече дека сака да ја оживее втората по големина економија во Јужна Америка со радикална програма за штедење.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.