29 Март, 2024
0.0258

АРГЕНТИНА СЕ СООЧУВА СО РЕКОРДНА ИНФЛАЦИЈА - стапката се искачи на 94,8 отсто

Објавено во: Финансии, Свет 13 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Во 2002 година, Аргентина имала инфлација од 94,8 отсто, што е највисока стапка во земјата по дури 32 години. Ова воедно е и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година.

Сепак, смирувачки сигнали се дека стапката за декември од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци.

Ценовниот показател за декември објавен денеска од Националниот институт за статистика (Индек) покажува тенденција на намалување на инфлацијата од месечниот врв од 7,4 отсто во јули, потоа 6,3 отсто во октомври и 4,9 отсто во ноември.

Инфлацијата во Аргентина беше 50,9 отсто во 2021 година, а по минатогодишниот пораст, владата очекува да ја ограничи на 60 отсто оваа година и врз таа проекција го заснова државниот буџет.

Претходниот рекорд беше во 1991 година, со неколку последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.

Аргентина, третата по големина економија во Латинска Америка, е заглавена во хронична инфлација, двоцифрена во последните 12 години од различни причини и домашни - враќање на буџетските дефицити, големи инфлаторни очекувања и надворешни - прво рецесија, и сега влијанието на војната во Украина, кои го спречуваат закрепнувањето.

Таа земја очекува економскиот раст во 2022 година да биде околу пет отсто, по растот од 10,3 отсто во 2021 година, додека претходните три години беше во рецесија.

Годинава се очекува растот на аргентинската економија да биде околу два отсто, забавен како и целата светска економија, но сепак еден од најсилните во Латинска Америка, според прогнозите на Светска банка објавени оваа недела.

Фото: EPA/ Enrique Garcia Medina

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка