Аргир реименуван за директор на НЛБ Банка
Објавено во: Финансии 10 Јули, 2019
Нов четиригодишен мандат како директор на НЛБ за Антонио Аргир.
Банката ја извести Македонска берза дека Аргир повторно е именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а воедно и за Претседател на Управниот одбор на банката.
Тој и до сега ја вршеше оваа функција која ја наследи од Ѓорѓи Јанчевски кој раководеше со банката повеќе години.