29 Март, 2024
0.0233

АРГИР ВЛЕЗЕ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА НЛБ ГРУПА: Избран на првата седница на Надзорен

Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Антонио Аргир, поранешниот генерален директор на НЛБ Банка во Скопје и официјално стана нов член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана. Банката ја извести вчера Словенечката берза дека се одржал состанок на Надзорниот одбор, прв годинава, на кој се назначени тројца нови членови на Управата, а меѓу нив е и Аргир. 

За нови членови на Управниот одбор на НЛБ беа именувани Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите тие доаѓаат од НЛБ или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и искуство во создавање докажана вредност.

Антонио Аргир целата своја кариера ја гради во НЛБ Банка Скопје. Во банката се вработува во 1999 година како кредитен референт за корпоративни клиенти, долгорочни и инвестициски заеми, а подоцна поминува неколку години во Деловна мрежа како координатор, раководител на експозитура и Директор на Секторот Деловна мрежа. Во 2015 година станува член, а половина година подоцна и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Тој се приклучи на раководството на НЛБ во Љубљана на 1 јануари 2022 година, а кормилото на НЛБ Банка Скопје му го предаде на Бранко Грегановиќ. Аргир беше член на Македонската банкарска асоцијација, а од 2018 година ја извршуваше функцијата потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. Под раководство на Антонио Аргир, НЛБ Банка Скопје забележа исклучителен раст во сите сегменти од своето работење и значително зголемување на профитабилноста на Банката, а цената на акцијата на НЛБ Банка Скопје се зголеми за пет пати. Денес, НЛБ Банка Скопје е угледна и стабилна финансиска институција и лидер во иновациите и дигитализацијата на банкарските производи и услуги на пазарот.

 „Со сите тројца колеги многу добро се познаваме, долги години работевме и дишевме заедно, а ги знаат и нашите клиенти, нашите партнери и целиот тим на вработени во НЛБ Групацијата. Убеден сум дека тие се најдобриот избор и со гордост, радост и самодоверба очекувам да се приклучат на Управниот одбор на НЛБ, изјави Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ групацијата.

Новите членови на Управниот одбор имаат петгодишен мандат откако ќе добијат согласност од Централната банката на Словенија. Дотогаш ќе ги извршуваат функциите извршни помошници на Управниот одбор.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап