Аргировски не е премногу среќен за владиниот проект
Објавено во: Економија 24 Март, 2019
Од Сојузот на здруженијата на пензионери не се премногу среќни за законот за социјална пензија кој е во собраниска процедура. Истиот ќе овозможи по 6.000 денари за секој кој не се стекнал со правото на редовна пензија, односно со минимум 15 години работен стаж пред да наполни 65 години, но од таму велат дека тоа нема да ја намали сиромаштијата на овие лица.
Според Драги Аргировски, претседателот на Сојузот, таа треба да биде барем 12.000 денари, односно колку минималната плата. Мерката нема суштински да влијае на старите лица и тешко ќе ги спаси од сиромаштија. Аргировски вели дека нема достоинствен живот со 6.000 денари.
- Со најновите податоци за овој Закон за социјална пензија само 4.000 ќе земаат 6.000 лица. Потребни се и други бенефиции за да може да опстануваат, колку толку да имаат достоинствен живот. Без најмалу 12, па зошто да не е и 14.000 денари, вели Аргировски.
Тој додава дека не треба да има ограничувања за оваа мерка, односно да не му бранат на едно ица да ја добива доколку неговиот партнер има редовна пензија
Истата нема да важи доколку старото лице има дополнителни приходи и имот.