28 Март, 2024
0.0285

Архимандритот Царкњас доби казна од Грција 45.000 евра, за донација од 57.000 евра

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчките даночни органи на архимандритот Никодим Царкњас му бараат да плати 45.000 евра во данок од вкупно 57.000 евра примени како донација за изградба на Македонска Православна Црква Света Злата Мегленска во С’Ботско (Аридеја), која, како и сите други работи, не е признаена од Грчката држава.

Грчката канцеларија за даночни приходи во Воден (Едеса) го казнува етничкиот македонскиот свештеник и архимандрит Никодим Царкњас, за лажно притајување на приходи во неговиот годишен даночен извештај.

Царкњас истакна дека само ги прифатил средствата како донација во корист на црквата во заедницата, и  одговорил на Управата за Данок на Доход  дека немал законска обврска да пријавува донација како приход. Неговото барање било одбиено. По поднесената жалба во јануари, Царкњас бара поништување на ова решение. Тој е подготвен  доколку грешката не се поправи, да ја тужи јавната администрација за прекршување на даночниот законик и бесрамната нелегална дискриминација против него, врз основа на неговото етничко наследство и верскиот идентитет.

Никодим Царкњас е еден од најиздржливите македонски активисти во Воденскиот крај во денешна Грција, кој неумерно работи на сочувување на македонскиот јазик и идентитет во соседната земја каде се негираат сите малцинства без оглед на нивниот јазик, историја, вера и култура.

Во интервју за Фактор, Царкњас говореше токму за притисоците врз македонците.
„Сосема е јасно дека тие шират национализам и фанатизам со тоа што ја негираат македонската нација. Тоа е дел од грчката политика за асимилација и негирање на другите народи, особено македонскиот. Велат дека Македонија е грчка, но сите знаат дека Македонија е поделена на повеќе делови и повеќе држави од кој најголемиот дел се наоѓа во Грција, потоа во Република Македонија и Бугарија.“ изјави архимандритот  Царкњас

Оваа неправда против архимандритот Никодим Царкњас се одвива со децении, тој како активист за човекови права досега десетина пати бил апсен, а еднаш и физички нападнат од грчки полицаец.

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра