28 Март, 2024
0.0247

Ариљеметал со свој штанд на најголемиот саем за машинството во Штудгард

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Ариљеметал доо, една од водечките компании од областа на машинството во Македонија,од 19 до 21 април  ќе се претстави на најголемиот саем за сврзувачка техника (Fastener Fair)  во Европа, STUTTGART  MESSE 2019, во Германија.

На сопствен штанд ќе се промовираат капацитетите и можностите на оваа наша реномирана компанија за производство на најразлични сложени машински делови за потребите на индустријата во земјите на ЕУ. Ариљеметал е веќе познат на пазарите на Унијата бидејќи нуди врвен квалитет, куси рокови на испорака и коректни цени.

„Во ова динамично време на брзи промени во индустријата, потребно е македонските компании да бидат присутни на сите големи индустриски настани во Европа. За сериозните компании македонскиот пазар е премал и недоволен за тој да биде база на  идниот развој. Конкуренцијата постојано се зголемува, меѓутоа ние веруваме во нашите квалитети и затоа сме тука да докажеме дека вредиме и дека можеме да го освоиме и  Европскиот пазар и да бидеме сериозни партнери на металната индустрија во Европа”- вели Трајан Ангелоски,заменик генерален директор на Ариљеметал - Скопје.

Саемот во Штутгарт инаку е најголемиот саем од овој тип во Европа, со преку 4.000 излагачи од 50 земји во светот и со преку 100.000 посетители во трите дена колку што трае манифестацијата.

За Ариљеметал овој саем е извонредна шанса огромен број компании од целиот свет да ги видат производите и услугите на компанијата и да се започнат бизнис контакти со нови, како и да се зајакнат контактите со веќе постоечките европски бизнис партнери.


Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери