23 Март, 2025
0.0272

Аризанкоски: Мора да се залагаме како општество минималната плата да расте

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2022 07:50

Добивај вести на Viber

Рубинчо Аризанкоски, oд Здружението Достоинствен Работник вели дека согледувајќи ја економската ситуација во која што се наоѓаат сите граѓани, предизвикана од глобалната здравствена и енергетска криза, покачувањето на минималната плата е повеќе од потребно и мора да има, особено ако се знае дека ваквите покачувања предизвикуваат и спирално зголемување на сите плати и во приватниот и во јавниот сектор.

Здружението Достоинствен Работник инсистира да се вреднува трудот, да има добро платени работни места, искоренување на сиромаштијата и задржување на работниците, на нашите граѓани во државата бидејќи тие се капацитетот кој го обезбедува растот на производство кај работодавачите.

„Воедно, минималната плата треба да се зголемува, но врз основа на економскиот раст и мора да се следи со сите останати плати во сите сектори, посебно во приватниот сектор. Мора да се залагаме како општество минималната плата да расте, но да растат и сите останати плати кај другите нивоа на вработените. Минималната плата во Северна Македонија за прв пат беше утврдена во 2012 година на ниво од 8.050 денари. Низ годините таа се корегираше минимално, а најголем скок имаше во 2019 кога од 12.500 порасна на 14.500 денари. Во моментов минималната плата изнесува 15.194 денари во нето износ, или 22.164 денари во бруто износ.Здружението Достоинствен Работник дава поддршка на превземените чекори од страна на синдикатите пред Владата и работодавачите за зголемување на минималната плата, и што поскоро да се дојде до заеднички решение во интерес на работниците преку социјален дијалог. Воедно, синдикатите инсистираат со закон да се утврди дека минималецот во Северна Македонија нема да биде помал од 60 проценти од просечната плата и бараат од пратениците уште во текот на јануари да ги усвојат законските измени со кои практично минималната плата од 15 илјади би се зголемила на 18 илјади денари“, вели Аризанкоски.

Во однос на минималната плата тој се повика на мисла од Френклин Д.Рузвелт кој вели дека ниеден бизнис кој е заснован на тоа да им дава на работниците плати пониски од платата за живот, нема право да продолжи да работи. 

„И, кога велам плата за живот, не мислам на плата која обезбедува гола егзистенција, туку на плата која обезбедува пристоен живот“, изјави Аризанкоски.

Во средата не е договорено покачување на минималната плата. Разговорите продолжуваат денеска. Од власта уверуваат дека зголемување ќе има, но според нив тоа треба да е одржливо, и да остане и за идните години. Од ССМ покажаа разочарување, и порачаа газдите да не купуваат време.

Според последната пресметка на минималната потрошувачка кошничка, за четиричлено семејство за да преживее, му се потребни близу 35.000 денари.

Денеска ќе има блокада во Скопје, а доколку прашањето не се реши ќе следи генерален штрајк. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик