27 Септември, 2024
0.0290

АРСОВСКА: БАРАМЕ ПОДДРШКА ОД СОВЕТНИЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ЕКО АВТОБУСИ, блокирањето нема да ме спречи да ги реализирам ветувањата

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Од советниците во Град Скопје бараме поддршка за набавка на нови еко автобуси со кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе ги заменат старите и дотраани автобуси, како и поддршка за субвенционирање за набавка на нови такси возила. Ова го спосочи градоначалничката Данела Арсовска на денешната пресконференција, потенцирајќи дека она што е ветено пред граѓаните ќе се реализира и дополни дека блокирање значи блокирање исклучиво на проекти кои граѓаните очекуваа во пократок рок да бидат реализирани и во нивен интерес

Градот Скопје, како што знаете, се трудиме и тој мора да биде модерен град во кои хуманото живеење со квалитетен стандардизиран транспрот, и иновативни решенија за заштита на животната средини, проекти за квалитетна инфраструктура не треба да биде исклучок туку секојденевие.

Во таа насока, денес имаме совет на град Скопје, на кој предложивме неколку точки за кои очекуваме дека тие ќе ја дадат својата несебична поддршка и дека ќе ја поддржат програмата за модерно Скопје која ја избраа 120 илјади граѓани на Градот Скопје.

Пред советниците на дневен ред ќе се најде одлука која тие треба да ја гласаат за субвенционирање за набавка на нови еко возила за хибриден или електричен погон за граѓаните и за такси превозниците. Пилот проект кој прв пат се имплементира во Македонија, и со која градот Скопје ќе субвенционира по 200 илјади денари по возило. Овој проект на градот Скопје е дел од ветувањата на програмата за модерно Скопје, а во оваа фаза е пилот проект со кој се детектриааат потребите и интересот на граѓаните за истиот - кажа Арсовска.

Таа воедно потенцираше дека на овој начин ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето на градот Скопје, особено во сегментот на испусни гасови  во атмосферскиот воздух, а исторемено има компоненета за модернизација на такси превозот во главниот град, по примерот на европските метрополи.

- На оваа седница истовремено од советниците бараме поддршка за набавка на нови еко автобуси кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе ги заменат старите и дотраани автобуси, кои немаат основно задоволително ниво на услуга за граѓаните.

Со набавката на овие нови еко автобуси ќе се подобрат услугите за граѓаните, ќе се намалат трошоците, ќе се намали негативниот ефект врз животната средина.

Блокирањето од страна на советниците морам да кажам дека не ме спречува мене како градоначалник. Сето она што е ветено пред граѓантие ќе се реализира, но ова блокирање значи блокирање исклучиво на проекти кои граѓаните очекуваа во пократок рок да бидат реализирани и во нивен интерес. Затоа блокадата најмногу ќе ја чуствуваат граѓаните, кои поради партиските лидери кои се обидуваат да ги саботираат процесите во градот Скопје, не овозможуваат граѓаните да ги остварат своите права кои им следат како жители на главниот град и на програмата која ја гласале - укажа Арсовска.

Градоначалничката одговарајќи на новинарско прашање се осврна и на предлогот за отстапување на Универзална сала. 

- Има иницијатива за отстапување на Универзалната сала од страна на советниците. Ќе видиме какво е барањето на дневен ред. Јас како градоначаник не сметам дека треба да се отстапи, нити смеам, нити сакам, таа е заштитен симбол на градот, а е во состојба во која е бројни проблеми, за кои треба да се дискутира и да се разговара, и сметам дека тоа е причината за оваа иницијатива, а одлука денеска не може да се донесе - потенцираше градоначалничката.  

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други