29 Март, 2024
0.0426

Арсовска го отвара форумот економски сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамки на економскиот форум на Самитот ЕУ – Западен Балкан Софија 2018, на тема „Помеѓу политиката и економијата“,претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска има свое обраќање за спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија, со што и официјално започнува економскиот сегмент на Самитот.

Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на Сојузот на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, основачот и претседател на  Дефли економски форум, Симеон Цомокс и директорот на Агенцијата за странски инвестиции на БиХ, Гордан Милинич ќе дискутираат  за важноста на економскиот развој и  иднината на Западен Балкан.

Денешниот ден го означува официјалниот почеток на фотумот како економски сегмент на Самитот на премиерите на Западен Балкан. Oчекуваме да се отворат значајни прашања за реформските процеси на економиите од Западен Балкан и нивно приближување кон ЕУ. Големо внимание ќе привлечат заклучоците од економскиот форум каде и шефовите на држави на земјите на Западен Балкан ќе дискутираатза регионалната економска соработка како дел од европската интеграција, реалност и очекувања како и за улогата на инвестициите за раст и стабилност“, изјави Арсовска.

Претседателот на Сојузот Арсовска, ја предводи бизнис делегацијата на Република Македонија,со традиционално учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Таа е специјален гостин на економскиот форум под покровителство на бугарското претседателство на Советот на Европската Унија.

Самитот е еден од клучните настани за време на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија, кој ги поврзува сите 28 шефови на држави или влади на ЕУ со премиерите на Западен Балкан. На овој значаен настан, премиерите на Западен Балкан имаа можност да разговараат за конкретни економски проекти со високи претставници на австриските, европските и меѓународните членови на Виенскиот економски форум, како и за нивно забрзано имплементирање. 

Целта на Виенскиот економски форум е да изгради мост помеѓу бугарското претседателство на Советот на ЕУ и следното австриско претседателство со Европскиот совет.  На Форумот, на кој присуствува и делегација на Сојузот,  ќе се разговара за интензивирање на регионалната економска соработка и заедно со поддршка на политиката да се изнајдат решенија за деловна соработка во различни сектори на регионалната економија.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија