Добивај вести на Viber
Јас не се кандидирам за политичар, јас се кандидирам за менаџер на градот, порача денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска го означив почетокот на мојата изборна кампања, на трката да станам првата жена, независен градоначалник на Скопје. Подготвена сум да обезбедам брзи проекти и сигурни решенија за Скопје, знам како да го направам тоа. Мојата програма содржи 15 плус еден главен проект за Скопје да биде модерен град достоен за живот. Од заживување на Скопје како културно жариште до одржливо решение за сообраќај. За да успееме Скопје да биде модерен град мора да го менуваме. Ќе имплементираме реални проекти, ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани, Скопје ќе го направиме град на фестивали, ќе го заштитиме нашето зеленило и природа, но ќе креираме и нови паркови, рекреативни области во секоја општина. Ќе го вратиме сјајот на сите заборавени места во нашиот град“, порача таа.
Денеска почна кампања за локланите избори.