29 Септември, 2024
0.0263

АРСОВСКА, КОСТАДИНОВ И ГАНИУ ЗАЕДНО ЌЕ СЕ БОРАТ СИТЕ ОПШТИНИ ДА БИДАТ ФИНАНСИСКИ НЕЗАВИСНИ - скопската градоначалничка е прва дама избрана за претседател на ЗЕЛС

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

По четири години во кои поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов раководеше со здружението на општините, вчера за прв човек на ЗЕЛС беше избрана новата скопска градоначалничка, Данела Арсовска.
Речиси секогаш по правило за претседател на ЗЕЛС се бира првиот човек на Градот Скопј, како најголемата општина во земјава. 
Арсовска на својот фејсбук профил објави дека била едногласно избран за нов претседател на ЗЕЛС.
„Денес едногласно бев избрана за нов претседател на ЗЕЛС што ги обединува сите 81 општина во Македонија. Потенцирав дека главна цел во четиригодишниот мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини.

Она што е значајно, за што имаме консензус во новиот мандат на Управниот одбор на ЗЕЛС е дека ќе се посветиме во следниот четиригодишен мандат на интензивирање на процесот на децентрализација, процес што е долго во застој. Тој процес би требало во наредниот четиригодишен период да обезбеди поголема финансиска независност и стабилност на локалната власт и секако преземање на нови поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа. Верувам дека ќе имаме можност да покажеме како ЗЕЛС обединувајќи ги сите општини, дека ќе можеме како и на денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките, да ги застапуваме интересите на граѓаните кои ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четиригодишен мандат да ги реализираме сите проекти кои ги имаме заеднички зацртано“, објави Арсовска.

За потпретседатели на ЗЕЛС се избран Перо Костадинов, градоначалникот на општина Валандово, кој доби втор мандат да управува со таа локална самоуправа, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој исто така тера втор мандат во таа општина.

„Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа денеска ја одржа конститутивната седница на која ги избра членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Комитетот на Советите на ЗЕЛС. Искажувам голема благодарност до останатите членови на управниот одбор за дадената доверба да бидам избран за потпретседател.

За Претседател на заедницата е избрана градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, додека за потпретседател е избран и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Во периодот кој следи, како потпретседател превземам одговорност да дадам се од себе и да се вложам целосно кон процесот на самостојност на локалните самоуправи и суштинско децентрализирање на државата. Заедно стремиме кон европски вредности кои поттикнуваат на одговорност во општеството.

Сакаме дисперзија на општествената моќ, директна одговорност и непосредност во комуникацијата на институциите со граѓаните“, напиша Костадинов. 

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки