АРСОВСКА: ВЛАДАТА Е ОДГОВОРНА ШТО НАВРЕМЕ НЕ ДОНЕЛА СООДВЕТНА ЕНЕРГЕТСКА СТРАТЕГИЈА, преседан е да бара градот да и ги решава проблемите
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2022
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, синоќа, во свето гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, изјави дека за неа е преседан Влада да бара градот да биде спасител на проблемот со енергетската криза.
Според неа, Владата треба да ја понесе одговорноста за тоа дека навреме не се донела соодветна енергетска стратегија.
„За мене е преседан каков што се нема случено, не само во Македонија, туку било каде, Влада да бара градот да ги решава проблемите со недостатокот на топлинска енергија и со ладните радијатори во домовите на граѓаните. Мислам дека сега не е време да се игра со чувствата на скопјани и воопшто не е време да се игра на картата на префрлување на одговорноста, која што лично треба да ја понесе за тоа дека не се донела соодветна енергетска стратегија за тоа што да се прави во ситуација на една ваква енергетска и економска криза со каква што се соочуваме. Ние се наоѓаме во ситуација во која Македонија има ниска фискална децентрализација. Треба да им биде јасно на сите дека општините се наоѓаат во незавидна положба. Не е само што имаат долгови и не само затоа што некој претходно недмоќински работел, затоа што и децентралиацијата не е спроведена, затоа што општините немаат финансиска независност“, рече Арсовска.