24 Април, 2024
0.0282

Арсовски: Jанева одби да објасни зошто лажела дека нејзиниот телефон е украден кога истиот наводно го подарила

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис и дека таму се сместени најголемите криминалци во државава вклучително со нејзe, изјави на прес- конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. 

„Слушнавме дека знае и за други лица кои рекетираат во нејзино име, но Јанева одлучи да ги заштити и да не каже кои се тие, практично уште еднаш покажува и докажува дека таа е соучесник и таа им дава поддршка на тие лица да рекетираат и да го вршат тој криминал. И практично е виновна за тоа. Катица Јанева одби да објасни и зошто лажела дека нејзиниот телефон е украден кога истиот телефон самата Катица Јанева наводно го подарила. Дали Јанева имала контакти со Заев, Кики или Фрики и за што разговарале со тој телефон?“, праша Арсовски. 

Арсовски посочи дека Катица Јанева не кажа дали одлуката да се укине притворот за бизнисменот Орце Камчев е нејзина или одлука на обвинителката Лиле Стефанова.

Додава дека Катица Јанева не почувствува ниту срам, ниту одговорност за ова што се случува во моментов, но тоа што е потрагично во моментов е фактот дека ништо сомнително не гледа ниту обвинителката Вилма Русковска, практично се обидува да ги заштити.

„Низа нелогичности во постапката која ја води обвинителството во врска со аферата рекетарско-политичко-обвинителски октопод, покажува тенденција истиот да биде забошотен и практично да се заврши со минимална штета што е невозможно бидејќи целата јавност знае кој и како рекетира. Истрагата е се освен непристрасна и професионална. Начинот на кој што Вилма Русковска ја води оваа истрага укажува дека таа има намера да ја заштити главата на политичко-медиумскиот-рекетарски октопод“, посочи Арсовски. 

Прашува дали лажниот исказ на Катица Јанева даден во истрагата во врска со телефонот не е индиција дека и таа е инволвирана, односно и против неа треба да бидат преземени посебни истражни мерки односно ПИ мерки и дали Русковска со непокренувањето постапка против Катица Јанева свесно и остави време на Катица Јанева да ги уништи доказите и пораките што ги разменувала со оштетените, рекетарите или пак функционерите на СДСМ од кои ја добива поддршката. 

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката