Артан Груби влегува во Владата, Бујар Османи ќе биде шеф на дипломатијата

Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Бујар Османи, досегашен вицепремиер за евроинтеграции, ќе биде министер за надворешни работи. Со тоа Османи ќе седне на местото на досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, за кого се зборува дека ќе го преземе министерското столче во ресорот за правда.
Ова се сознанијата на Фактор за тоа кои кадри на ДУИ ќе ги зафатат престижните министерски столчиња на Илинденска, но и во законодавниот дом.
Крешник Бектеши ќе продолжи да министерува во Економија, каде се издаваат концесии за рудници, а се контролира и туристичката дејност.
Фатмир Бесими, пак, ќе ја преземе палката во раководењето со Министерството за финансии, на чие чело досега беше Нина Ангеловска. Фатмир Бесими беше министер за економија, за одбрана, а јавноста го памети и по тоа што беше вицегувернер во Народната банка, а ДУИ инсистираше да ја преземе и челната функција во монетарната власт во земјава.
Спикерот Талат Џафер ќе остане во својата претседателска фотеља во Парламентот, од каде се очекува дека повторно ќе ги „строи“ народните избраници.
За животна средина министер ќе биде досегашниот кадар на ДУИ, Насер Нуредини, млад кадар кој живеел во странство, кој очигледно е решен и натаму да се справува со проблемите со загадувањето во земјава.
ДУИ ќе номинира и министер за информатичко општество и на таа позиција ќе седне Ширет Елези, досегашната заменичка министерка за финансии. Таму досега министеруваше Дамјан Манчевски од СДСМ.
А во Владата влегува и досегашниот пратеник Артан Груби, кој е и генерален секретар на ДУИ. Тој, според сознанијата на Фактор, ќе биде вицепремиер за политички систем. Артан Груби важи за еден од највлијателните кадри на ДУИ и ова може да му се смета како значајно напредување во кариерата, бидејќи сега ќе биде на значајна позиција во извршната власт.
Можеби ќе ве интересира
Кузеска: Раката е подадена, да се работи во интерес на државата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има бурни реакции во јавноста откако Меџити кажа дека косовски државјани ќе се лекуваат овде по исти цени како македонските граѓани

Ковачевски вели дека Мицкоски прифатил уставни измени, тој вели дека тоа е лага

Владиците Петар и Григориј биле гости во руската амбасада

ЦУК: Се очекуваат интензивни врнежи, можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки

Вонредно метео од Славчо Попоски: Подгответе се за уште поголеми временски непогоди и поплави од оние во Делчево

ПОМАГАВМЕ НА СИТЕ, ЌЕ МУ ПОМОГНЕМЕ ЛИ И НА ДЕЛЧЕВО? Претседателот на ЗЕЛС ги повикува општините да се солидаризираат
Арафат Муареми ослободен од пријавите од Вилма Русковска
