19 Август, 2019
0.0194

Асани: 24 скапи возила на Кочан се под банкарски залог

Објавено во: Економија 18 Јули, 2019

Фатон Асани, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, денска изјави дека е пристигната правосилната одлука за конфискување на имотот на Трансмет и бизнисменот Сеад Кочанб во вредност од 17 милиони евра, но и дека голем дел од истиот е веќе заложен кај банките.

Во моментов се проверуваат 204 возила на Кочан и Трансмет за кои е побарано од Централен регистар да провери дали се дадени под залог, а како што вели Асани, постојат сознанија преку документи дека 24 меѓу истите кои се со повисока парична вредност се заложени кај кредитори.

– Неофицијално можам да ви кажам бројки. Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на Трансмет односно Сеат Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот, рече Асани.

Во моментов изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата, од кои 23 имоти се чисти, а три се под залог.

Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.




Можеби ќе ве интересира

НАЈМАЛКУ 17 ДРЖАВИ ДОЛЖАТ НА РУСИЈА: Кои се најдоа во топ три?

НАЈМАЛКУ 17 ДРЖАВИ ДОЛЖАТ НА РУСИЈА: Кои се најдоа во топ три?

Бензините не поскапеа, цената на дизелот скокна

Бензините не поскапеа, цената на дизелот скокна

По новите услови голем интерес за „Купи куќа, купи стан“

По новите услови голем интерес за „Купи куќа, купи стан“

Како „Макпетрол“ ја зголеми продажбата, а ја намали добивката?

Како „Макпетрол“ ја зголеми продажбата, а ја намали добивката?

Денес ќе се одлучува: Што по царинските забрани од Косово?

Денес ќе се одлучува: Што по царинските забрани од Косово?

ГЕРМАНИЈА БАРА ЕКСПЕРТИ: „По новиот закон граѓаните на Западен Балкан се привилегирани“

ГЕРМАНИЈА БАРА ЕКСПЕРТИ: „По новиот закон граѓаните на Западен Балкан се привилегирани“

Од септември повисоки плати за вработените во образованието

Од септември повисоки плати за вработените во образованието

ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како руски компании ќарија на американски санкции кон Иран и Венецуела

ЗАРАБОТИЈА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како руски компании ќарија на американски санкции кон Иран и Венецуела

ГЕРМАНЦИТЕ ДАДОА ТОЧНА ПРЕСМЕТКА: Еве колкава месечна плата ве прави богат човек

ГЕРМАНЦИТЕ ДАДОА ТОЧНА ПРЕСМЕТКА: Еве колкава месечна плата ве прави богат човек