Асанж повторно го сврте вниманието на светот: Зошто не се појавил на суд
Објавено во: Свет 30 Мај, 2019
Основачот на Викиликс, Џулијан
Асанж повторно го сврте вниманието на светот. Неговиот адвокат Герет Пирс потврди за Би би
си, дека бил премногу болен Асанж за да
се појави на судското сослушување во Лондон.
Тој требало да се појави на видео линк сослушување од затворот Белманш, но неговиот адвокат тврди дека четириесет и седум годишниот Асанж не е добро.
Според Викиликс Асанж е пренесен во затворската болница. Адвокатот рекол дека здравјето на Асанж продолжило да се влошува, изгубил и телесна тежина, а минатиот петок бил во таква нарушена здравствена состојба што било невозможно да се води нормален разговор со него.