24 Април, 2024
0.0279

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ja промовираше Анализата за е-трговијата во

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Денес се одржа промоцијата на извештајот од сеопфатната анализа за е-трговијата во Македонија насловен “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Република Македонија”, инициран и изработен од првата Асоцијација за е-трговија на Македонија, а поддржан од Mastercard. Анализата е структурирана во три дела - првиот дел ја анализара подготвеноста на Македонија за е-трговија земaјќи ги предвид четирите пилари: инфоматичко-комуникациска технологија, платежен систем, достава и регулаторна рамка, дополнети со неколку клучни индекси кои ја оценуваат подготвеноста за е-трговија на една земја, вториот дел ја разгледува фактичката состојба на Македонија преку анализа на македонскиот е-купувач и тековната понуда на пазазрот преку анализа на македонските е-трговци; додека третиот дел е посветен на препораки за елиминирање на бариерите во е-трговијата со цел креирање на поволна клима за раст и развој на е-трговијата. Извештајот вклучува споредба на Македонија со европските земји, анализа на секундарни податоци и примарни податоци од анкети и интервјуа со засегнатите страни, како и студии на случаи.

Претседателот на АЕТМ и ко-автор на анализата, Д-р Нина Ангеловска  ги презентираше главните резултати од сеопфатната анализа и ги сподели клучните препораки формирани со цел елиминирање на бариерите и креирање на поволна клима за раст и развој на индустријата.

„Според направената анализа, Република Македонија има голем напредок во обезбедување на потенцијал или неопходни услови за обавување на е-трговијата во однос на 2010 година и во споредба со земјите од регионот има обезбедено подобри услови за развој на е-трговијата. Иако имаме напредок во условите, сепак само 20% од населението со пристап до интернет направило нарачка онлајн, што ја става Македонија на дното, единствено пред Црна Гора. И покрај напредокот во создавање на услови за раст на е-трговијата индикативно е што имаме пад во рангот на одредени индекси со соодветни индикатори, како: Индекс на логистички перформанси и Индекс за подготвеност за е-трговија..“ - вели Д-р Нина Ангеловска, косопственик и директор на Grouper.mk и Претседател на АЕТМ.

Овие сознанија, како и  добиените наоди во сеопфатната анализа  детектираа предизвици кон кои може да се насочат препораки. Предложени се сет мерки насочени кон понудата и кон побарувачката, за раст и развој на е-трговијата и тоа препораки насочени кон компаниите учесници на пазарот односно кон подобрување и зголемување на понудата во е-трговијата и препораки насочени кон побарувачката односно крајните корисници во е-трговијата (населението). Дополнително се дадени препораките кои се заеднички за двете страни. На страната на понудата формирани се 26 мерки или идникативни акции претставени со очекуваниот резултат од имплементација на секоја мерка. На страната на побарувачката предложени се 9 мерки и како заеднички за двете страни има 2 индикативни акции.

„Потребно е зголемување на свеста и капацитетите на ММСП за е-трговијата, но и едукација на населението за јакнење и зголемување на дигиталните вештини зошто 49% од анкетираните е-трговци како најголем предизвик го наведуваат наоѓањето на соодветен кадар за работа, а од оние кои не нарачале онлајн, како една од причините го наведуваат немањето на потребни вештини. Ревидирање на постоечкта регулатива и нејзино усогласување со европската е уште еден чекор кон раст на е-трговијата.. Преку воведување на регистар на е-трговци ќе се помогне за нивна промоција, но и ќе се овозможи сигрност на потрошувачите. Даночните олеснувања и субвенции за достава при извоз се уште еден механизам преку кој може да се помогне на е-трговците.“ - додава Ангеловска.

Оние кои се заинтересирани да прочитаат повеќе може да се информираат на ecommerce.mk/report2018, како и да ги следат активностите на АЕТМ на нивната Facebook фан страна.

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!