28 Март, 2024
0.0276

Атанасоски: Апсолутен црвен аларм кон политиките на власта

Објавено во: Македонија 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

 Се надевам дека цензусот ќе биде исполнет, бидејќи сега има голем мотив кај двата кандидати, односно кај нивните политички табори, да работат поревносно сметајќи на победа. Единствена непозната е како ќе се однесуваат гласачите на Река во вториот круг, и ако не излезат во доволен број, прашањето за обезбедување на предвидениот цензус „ виси“ - вели во интервју за Фактор политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски. Тој смета дека тоа е алармантен жолт картон кон власта, и очекува „притисокот за предвремени избори да расте од страна на опозицијата, бидејќи поединечно со победата во мнозинско-етничките „македонски“ општини опозицијата води, и особено во некои скопски големи општини, кои денеска имаат градоначалници од редовите на СДСМ“. 

Фактор: Првиот круг заврши со многу тесна разлика, а двата табора на Пендаровски и Силјановска Давкова прогласија победа. Каков е првиот впечаток за резултатите, кој има повеќе причини задоволство, а кој треба да биде разочаран?

Атанасоски: Пораката е упатена од страна на гласачите, граѓаните  апстинираа, односно голем дел од граѓаните  кои гласаа на последните локални избори не изглегоа да гласаат. Најголем пад има владејачката партија, од околу  100.000 гласа, помалку на своето гласачко конто има владиниот кандидат  Пендаровски,  во однос на гласовите  на советничките листи на последните локални. Од друга страна , кандидатката на опозицијата Силјановска, освои 25 илјади гласа помалку  од советничките гласови кои ги доби ВМРО-ДПМНЕ под водство на Груевски. Релативен победник е Силјановска, а апсолутен  губитник е СДСМ ( заедно со ДУИ). ВМРО-ДПМНЕ  како партија ги освои своите стандардни околу 300.000 гласа, но ако се земе пресметката дека позади Пендаровски застанаа повеќе од 30 партии, вклучително  ДУИ, ДПА и Алтернатива на Африм Гаши, а Пендаровски после првиот круг води незначително, тогаш тоа е апсолутен црвен аларм кон политиките на власта ( и на централно и на локално ниво), и се поставува прашањето дали ДУИ  искрено и со сиот политички капацитет работел за дополнување на гласовите на контото на Пендаровски, или пак толку е гласачкиот потенцијал на ДУИ во овој момент. Сепак ова се претседателски избори, каде што гласачите се однесуваат поразлично за разлика од парламентарните или локалните. 

Фактор: Силјановска Давкова истакна дека заедно со гласовите на Река имаат над 70 илјади гласови предност во однос на власта. Ќе успее ли истите да ги привлече во вториот круг да гласаат за неа и да им нанесат пораз на СДСМ и ДУИ?

Додворувачка е пораката на Силјановска, кон гласачите на Река, односно на Алијансата за Албанците и Беса, бидејќи тие ќе бидат клучни во вториот круг и за победа на некој од кандидатите и за исполнување на предвидениот цензус од  40%. Сепак сметам, дека е многу тешко, речиси невозможно да се привлечат гласачите на Река на контото на Силјановска, бидејќи кандидатката, се противи против Законот за употреба  на јазиците, и Преспанскиот договор, прашања за кои Албанците даваат речиси едногласна позитивна согласност. Особено што ВМРО-ДПМНЕ се уште е партија која ги одбива гласачите Албанци, кои ја доживуваат како националистичка, ксенофобна и антиалбанска. Се надевам дека цензусот ќе биде исполнет, бидејќи сега има голем мотив кај двата кандидати, односно кај нивните политички табори, да работат поревносно сметајќи на победа. Единствена непозната е како ќе се однесуваат гласачите на Река во вториот круг, и ако не излезат во доволен број, прашањето за обезбедување на предвидениот цензус „ виси“. 

Фактор: СДСМ заедно со ДУИ и триесетина партии остварија само мала предност во однос на опозицискиот кандидат. На што се должи ова, недоволна посветеност на "интегративците", разочараност од владините политики или пак недоволна заинтересираност на гласачите кои губат трпение од актуелната политичка состојба?

Ова е алармантен жолт картон кон власта, и очекувам притисокот за предвремени избори да расте од страна на опозицијата, бидејќи поединечно со победата во  мнозинско-етничките „ македонски“ општини опозицијата води, и особено во некои скопски големи општини, кои денеска имаат градоначалници од редовите на СДСМ. Тоа е доволен ветар во грб, лидерот на опозицијата да се почувствува моќен и да го зголеми притисокот за барање на организирање на предвремени избори, евентуално на есен. 


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?