24 Април, 2024
0.0283

Атанасоски: Македонскиот „Фалконе“ пред обвинител, неизвесна иднината на СЈО

Објавено во: Македонија 22 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Катица Јанева на начинот на кој дојде да го предводи СЈО како исклучително важна институција за расчистување со криминалните последици од бомбите на претходната власт имаше речиси гарантирано место во македонските учебници, но и се заканува сосема спротивен епилог. Со политикологот Благојче Атанасоски анализираме дали истрагата за „Рекет“ со притворот за шефицата на СЈО во оставка тргна во вистински правец и во вистинско време, како оваа мега афера ќе влијае на политичката сцена во Македонија и што може да се очекува како решение за иднината на специјалното јавно обвинителство.

Фактор: По приведувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец и Катица Јанева се најде во истражниот затвор Шутка. Обвинителите се вратија од одмор, истрагата тргна во нова насока. Дали ова е прав потег на правосудните органи во вистинско време?

Атанасоски: Некои се задоволни, од овој потег на Јавното обвинителство, некои негодуваат дека е задоцнет, инсинуирајќи дека се „ покриени“  евентуалните докази кои ја инкриминираат дотичната. Сепак, сметам дека е прав, и покрај што малку е задоцнет, бидејќи е без преседан во македонскиот обвинителско- судски систем. Пред лицето на правдата е изнесено лице , кое беше поставено за Специјален јавен обвинител, односно челник на една институција, која е надвор од редовниот правен сообраќај на Републиката. Дојдовме во ситуација, каде што македонскиот „Фалконе“, наместо да се зафати со расчистување на имплицираниот криминал и корупција на претходната владејачка структура, токму за предмети оформени од т.н „ бомби“ од прислушуваните разговори, да биде седнат на обвинителнаклупа. Мал зрак на светлина дека и во оваа ваква држава, никој не е недопирлив, и дека секој може да одговара, доколку се огрешил пред македонските закони.

Фактор: Катица Јанева можеше да биде личност која ќе беше дел од македонските учебници по историја, како специјален јавен обвинител кој застанал на браникот на правдата борејќи се со тешкиот криминал на функционерите, а сега е осомничена дека земала поткуп за влијае во постапките за бизнисменот Камчев. Одраз на коруптивното општество или пак одговорноста да се лоцира индивидуално?

Атанасоски: Можеше, позитивно, враќајки ја урнисаната доверба во судско-обвинителскиот систем, бидејќи истиот во изминативе 28 години независност на Македонија, секогаш бил на најниски гранки по доверба кај македонските граѓани. И денес, можеби да остане во македонските учебници, но по негативни референци. Наликува на Холивудско сценарио, за кое веќе пишуваат и еминетни новинарски изданија како германски Шпигел, или Гардијан.

Одговорност мора да има. Во секриминализирано и секорумпирано општество, каде што „рибата смрди од главата“, мора расчистувањето со високата корупција и криминал да почне од главата, за да се даде пример дека никој не е недофатлив, и да се докаже и на најпрепредените криминалци, дека веќе апсолутно никој не може да биде сигурен дека нема да се види сам себе со „лисиците“ на рака, како го спроведуваат во истражно одделение. Можеби ова ќе биде една своевидна катарза во македонското правосудство и обвинителство,  и после скоро три децении, ќе ја фатиме правилната траекторија на настаните во еден  гангренозно корумпиран систем, кој наместо да ја штити и дели правдата, тој најчесто ја злоупотребува заштитувајќи ги интересите исклучиво на политичките и бизнис моќници.

Фактор: Како случајот „Рекет“ ќе влијае на политичката сцена во Македонија. Дали ова е знак дека постои решителност да се оди до крај со расчистување со корупцијата во врвот или пак само обид да се задоволи гневната јавност?

Атанасоски: Овој случај несомнено ја потресе политичката сцена во Македонија, и истиот сигурно ќе има и политички реперкусии. Гледаме дека опозицијата инсистира на целосно расчиствување на случајот, инсинуирајќи дека „мозокот на операцијата“ не се приведените Јованоски и Милески, па дури и шефицата на СЈО Катица Јанева, туку е многу погоре во самите ешалони на власта, барајќи предвремени избори, со цел да се реобнови легитимитетот на институциите на системот, за кој како што велат тие е тотално искомпромитиран и нарушен. Од друга страна, сите претставници на власта, почнувајќи од премиерот Зоран Заев, јасно и категорично велат дека го поддржуваат целосното расветлување на случајот „Рекет“ и дека секој што се огрешил пред законите, без разлика на неговата политичка или партиска позиција и функција треба и мора да одговара , за да конечно македонските граѓани да ја добијат толку очекуваната и посакувана правда.

Фактор: Што е следно за СЈО како институција, за да се избере нов специјален јавен обвинител потребен е консензус од сите најголеми политички партии и двотретинско мнозинство во Собрание. Дали опозицијата ќе го користи „Рекет“ исклучиво за дневно-политички цели, во обид да ја притисне разнишаната власт на Заев и може ли да се очекува квалитетно законско решение кое ќе ја задоволи потребата од градење на правна држава?

Атанасоски: СЈО како институција за жал е целосно морално искомпримитирано и избербатено, и веќе тешко дека некој ќе има доверба во неговата работа, без разлика на постојните предмети, и без разлика дали сите преостанати обвинители чесно си ја работеле работата. Денеска е голема непознаница како ќе заврши „судбината“ на СЈО, и гледајќи ги дијаметрално спротивните стојалишта на власта и опозицијата околу неговата иднина, можеме да претпоставивме дека само под силен жесток притисок на претставниците на  Европската унија, и американската администрација ќе се постигне некое ново компромисно решение за негово функционирање и понатаму. Сепак, да го парафразирам и претседателот Стево Пендаровски кој нагласи категорично дека борбата против корупицијата и криминалот не треба да се сведе само кон претходната владејачка гарнитура и тоа да биде своевиден „лов на вештерки“, туку да биде насочена кон секој оној кој е забразден во криминал, без разлика дали е дел од актуелната владејачка гарнитура.

И да корупцијата и криминалот немаат етничка ни партиска боја, така што и првенците на „државотворната“ ДУИ, не смее да бидат изземени од гонење, секако доколку постојат индиции, а такви има многу, особено што оваа партија е 17 години на власт во изминативе 18. Да се угледаме на романската специјална јавна обвинителка Лаура Ковеси, која ефективно осуди градоначалници, министри, јавни функционери, па дури и премиер од сите политички партии. Македонскиот „нирнбершки“ процес мора да се одвива наназад до 1991 година, практично од осамостојувањето, бидејќи во однос на тежок криминал и тешка корупција,  „нацистички“ се однесуваа сите без исклучок од која партиско-политичка гарнитура да беа на власт во оваа изморена од чекање  на правдата држава.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП