Атиџе Муратова ја сними својата прва студиска песна
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020
Атиџе Муратова, хероината од документарниот филм „Медена земја“ кој се бореше за Оскар ја сними својата прва студиска песна„Чекор по чекор“.
Самир Љума, кој работеше на филмот, на својот Твитер-профил објави фотографија од студиото во кое снимаше со Атиџе.
Таа е среќна затоа што соништата и се остваруваат. Во неколку наврати претходно изјави дека сакала да стане пејачка.