19 Април, 2024
0.0334

Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата од регионот и потенцијалните инвеститори од различни делови на светот,чие доаѓање е најавено на најважната деловна и инвестициона конференција во регионот.

За време на двата денови на форумот ќе се разговара за европската интеграција и создавање поповолна бизнис клима, за соработка на земјите од регионот меѓу кои е и Македонија со Европската унија, за најзначајниот трговски партнер на компаниите од земјите од Југоисточна Европа итн. На прашањата за тоа како да се зајакне регионалната индустрија и како да се биде рамноправен партнер на Европска Унија одговори ќе понудат челните луѓе на успешните регионални и светски компании, претставници на институциите кои работат на зајакнување на економијата на европските земји, претставници на коморите, државници и претставници на владите на земјите членки на ЕУ и оние кои се стремат за членство во Унијата.

Поврзувањето на земјите од Југоисточна Европа со остатокот од светот и воспоставувањето инфраструктура која ќе ја олесни изградбата на економските и другите врски,се едни од темите што гостите и учесниците од Бахреин, Оман, Саудиска Арабија, Турција и други земји ќеги разговараат со регионалните претставници и бизнисмени, како и со претставниците на земјите-членки на ЕУ. Посебно внимание ќе се посвети на женското претприемништво и потребата од негово промовирање и зајакнување во земјите од регионот за време на тематската тркалезна маса која ќе се одржи на првиот ден од Форумот.

За потенцијалите за инвестирање во проекти од областа на туризмот, економска гранка која во земјите од регионот забележува високи стапки на раст и каде е предвидена силна експанзија во иднина, ќе се дискутира во текот на вториот ден од Форумот. Учесниците на панелот ќе разговараат за развојот на туристичката инфраструктура и можностите за соработка и заеднички перформанси на земјите од регионот и Македонија, со цел поефикасно да се презентира потенцијалот на целиот регион.

Организаторите на Форумот ќе отстапат простор и за актуализирање на темите од областа на информатичките технологии, дигиталната економија и општо за дигиталната трансформација, како и за создавање на плодно тло за развој на иновации и унапредување на работниот процес во сите економски гранки. Исто така ќе се разговара и за потребата за реформи во образованието во согласност со потребите на пазарот.

На вториот ден од Форумот на учесниците ќе им биде претставен моделот на економскиот развој на Дубаи, кој ќе се реализира во соработка со владината агенција Dubai Exports и други партнери од Обединетите Арапски Емирати.

Покрај бизнисмените, Сараевскиот бизнис форум, исто така ќе собере претставници на креативната индустрија, успешни поединци од областа на спортот, културата и уметноста од целиот регион кои ќе ги промовираат своите земји во светот, не само во областите со кои се занимаваат, туку ќе бидат и важни промотори кога станува збор за воспоставување на врски и промоција на потенцијалот за инвестирање во земјите од кои доаѓаат. На тркалезната маса ќе се разговара за улогата на емиграцијата и потенцијалите за инвестирање во земјите преку неколку платформи и проекти кои беа развиени во изминатиот период за да ги претворат идеите и знаењата од странство во инвестиции насочени кон започнување бизниси, основање на компании и отворање на нови работни места.

За тоа кои се областите за интензивирана соработка помеѓу азиските земји и Советот за регионална соработка (РЦЦ) и меѓусебното преземање на успешни практики ќе се дискутира на панелот каде што организаторите ќе бидат домаќини на претставници на компании, државни институции, универзитети и невладини организации од Индонезија, Малезија, Пакистан, Индија и други земји, како и земјите од СРС - Албанија, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Словенија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија.

Освен на панелите и тематските тркалезни маси, учесниците на 9-тиот Сараево Бизнис Форум ќе имаат можност да ги претстават своите проекти и бизнис идеи, но и да се запознаат со потенцијалите за развој на бизнисот преку т.н. B2B состаноци и неформални средби.

Деталната програма и агенда за 9-тиот Сараево Бизнис Форум (СБФ) е достапна онлајн на линкот: www.sarajevobusinessforum.com/agenda.

Пријавите и регистрацијата за учество на СБФ се отворени до 23-ти април, а се вршат преку www.sarajevobusinessforum.com со кликнување на иконата "registration/participant registration“: sarajevobusinessforum.com/registration-participant.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година