29 Март, 2024
0.0376

(АУДИО) Некој ја снимил Шекеринска додека зборувала на Конгресот на СДСМ: За некои работи шушкаме...

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Аудиоснимка на која се слуша гласот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска се појави денеска на нова фејсбук страница насловена „Реформи во СДСМ“. На снимката за која се тврди дека е направена вчера за време на одржувањето на Конгресот на партијата додека бил затворениот дел, Шекеринска зборува за случувањата во партијата. Таа до вчера впрочем беше заменик на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од вчера на оваа позиција избрана е директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. Претходно самата Шекеринска најави дека се повлекува од сите функции во партијата. 

„Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата, се слуша на снимката.

Таа вчера по завршувањето на Конгерсот им честиташе на своите сопартијци кои влегоа во раководството на СДСМ.

„Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани, напиша Шекеринска


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница