29 Март, 2024
0.0254

AUTOBEST Гала: Opel Combo Life е "Best Buy" возило во Европа за 2019 година

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Триесет и еден специјализиран новинар од 31 земја гласаа - а победникот на AUTOBEST 2019 е Opel Combo. Новото комбе беше официјално крунисано за "Best Buy автомобил во Европа за 2019" на церемонијата во Брисел. Според жирито, ниту еден ривал не нуди толку многу за цената на автомобилот. Генералниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер и извршниот директор за продажба, пост продажба и маркетинг, Ксавиер Дучемин отпатуваа за Белгија за да ја примат наградата за мултифункционалното возило.


"Клиентите и медиумите се импресионирани од Combo Life", изјави Мајкл Лохшелер на гала вечерата. "Ние го спакувавме Combo Life со високо ниво на флексибилност, удобност и иновативни технологии кои ги нема во оваа класа. Combo Life затоа игра клучна улога во нашата тековна офанзива, која ќе продолжи оваа и следната година. Ова е нагласено со наградата "Best Buy Car во Европа".


"Семејствата, обожавателите на природата и професионалците очекуваат Best Buy автомобилoт да ги решат нивните секојдневни предизвици. Оваа награда AUTOBEST докажува дека нашиот нов Combo Life е нивниот идеален партнер ", додаде Ксавиер Дучемин.

Opel Combo Life располага со иновативни технологии како Adaptive Cruise Control, Driver Drowsiness, заднa камера, Head-Up дисплеј. Новиот модел од Риселсхајм ја обединува удобноста и динамиката на патничкиот автомобил со пространоста и варијабилноста на превозник на луѓе. Жирито, исто така, ги зема предвид критериумите како што се трошоците за сопственоста и покриеноста на услугите на дилерите. Експертите беа убедени од сеопфатниот пакет од петтата генерација на Combo.


Како "Best Buy во Евроап за 2019" Combo Life ја продолжува силна традиција на Opel. Во последниве години, производителот на автомобили со седиште во Риселсхајм беше двапати успешен AUTOBEST. Opel Corsa ја освои титулата во 2007 и 2015 година. AUTOBEST ги избира "Best Buy Cars во Европа" од 2000 година.


Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт