28 Март, 2024
0.0244

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ОТВОРА НОВ ПОСЕБЕН ПРОСТОР ЗА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Петок, 18 септември 2020 г. Скопје. „Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за ковид-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за ковид-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница. Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат. Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за ковид-19. Приемот на пациенти за тест за ковид-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“. Закажувањето за тест за ковид-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731. Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани. 

Погледнете ја галеријата.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија