26 Ноември, 2020
0.0199

АВИОНИТЕ НА ЛУФТХАНЗА ГИ СПУШТИЈА КРИЛЈАТА: Патниците погодени од штрајкот

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2019

Поради дводневниот штрајк кој го закажа Независниот синдикат на кабинскиот персонал Луфтханза најави дека ќе активира специјален план на летови во тој период.

Имено, германскиот авио-превозник ќе го намали бројот на закажани летови во текот на тие два дена.

Компанијата изрази жалење поради неугодноста за патниците и повика околу 180 000 патници да го проверат статусот на своите летови.

Денес ќе бидат откажани околу 700 летови, а за вториот ден од штрајкот Луфтханза очекува дека бројот на полетување ќе се намали за околу 600.

Претходно германската авио-компанија бараше од судот во Франкфурт забрана за штрајкот на кабинскиот персонал најавен за четврток и петок.

Околу 2300 од 3000 летови предвидени денеска ќе бидат извршени и 2400 во петокот, наместо предвидените 3000, што ќе погоди вкупно околу 180 000 патници, наведува денеска компанијата во соопштението.

Штрајкот беше најавен за ноќта по полноќ и да трае до петок, на полноќ по локално време.

Погодени ќе бидат сите летови кои поаѓаат од германските аеродроми, без разлика дали се домашни или меѓународни, соопштил синдикатот.

Синдикатот одлучи да го покрене овој штрајк поради упорното одбивање на компанијата на Луфтханза да преговара за нивните барања, се наведува во соопштението.

Обидот на компанијата по судски пат да го спречи штрајкот е отфрлен денес во судот за работата во Франкфурт. Компанијата се жалела на таа одлука и во текот на вечерта ќе се знае одговорот на жалбата.

Луфтханза нагласи дека нејзините филијали не се погодени со овој штрајк.

Како што е соопштено, се разгледува на кои линии тие авиокомпании би можеле да користат поголеми летала за да би можеле да понудат алтернатива за патниците погодени со штрајкот.

Можеби ќе ве интересира

Илон Маск стана втор најбогат човек во светот

Илон Маск стана втор најбогат човек во светот

Генерали Инвестментс советува: Да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари

Генерали Инвестментс советува: Да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари

Која фирма за градежни материјали го зголеми профитот за 80 отсто во „корона криза“?

Која фирма за градежни материјали го зголеми профитот за 80 отсто во „корона криза“?

Помали трошоци за регистрација, ама увозот на половни автомобили годинава е преполовен

Помали трошоци за регистрација, ама увозот на половни автомобили годинава е преполовен

„Рекордна“ јавна набавка на „Македонија пат“: Ќе треба да истури 60.000 тони индустриска сол за две години

„Рекордна“ јавна набавка на „Македонија пат“: Ќе треба да истури 60.000 тони индустриска сол за две години

Турска компанија ќе ја гасифицира Македонија за 300 милиони евра

Турска компанија ќе ја гасифицира Македонија за 300 милиони евра

Утврден Предлог-закон за регистрација на возила со странски регистерски таблици

Утврден Предлог-закон за регистрација на возила со странски регистерски таблици

Доделени 120,6 милиони денари за капитални проекти во општините

Доделени 120,6 милиони денари за капитални проекти во општините

БЕКТЕШИ СО ДЕТАЛИ: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки

БЕКТЕШИ СО ДЕТАЛИ: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки