АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА: Се урна нов авион боинг „737 MAX“-нема преживеани
Објавено во: Свет 10 Март, 2019
Се урнал патнички авион „Етиопиан ерлајнс“ 737 MAX на летот од Адис Абебе кон Најроби. На тој лет биле 157 патници и осум членови на екипажот. Нема преживеани.
Иако засега никој од претставниците не објавил ништо за бројот на жртви, етиопската национална телевизија соопштија дека нема преживеани. За тоа време, членови на семејствата и пријатели кои на аеродромот во Најроби го чекаат етиопскиот авион, немоќно гледаат во таблата за доаѓање на авион на која стои дека летот ЕТ 302 е одложен.
Ethiopian Airlines Boeing 737 heading to Kenya has crashed near Addis Ababa, airline says https://t.co/HjbiKOC3q5 pic.twitter.com/pCGZYiJqIt
— CNN Breaking News (@cnnbrk) March 10, 2019
Според достапните информации, кои ги соопштила етиопската авиокомпанија, авионот се урнал само неколку минути по полетувањето во 08.38 по локално време, од аеродромот во Адис Абеба, некои 50 км од аеродромот.
Во соопштението се наведува и дека на лице место веднаш се пратени сите екипи за спасување и потрага, но дека засега нема официјални потврди за жртви или преживеани.