Австралија ќе се отвори кога 80 отсто од воззрасните граѓани ќе се вакцинираат
Објавено во: Свет 01 Август, 2021
Австралискиот премиер Скот Морисон објави план во четири чекори кога станува збор за олеснување на ограничувањата воведени поради коронавирусот.
Тој потенцира дека земјата ќе мора да вакцинира 80 проценти од возрасната популација пред да размисли за повторно отворање на границите.
Австралија се бори против пандемијата на Ковид -19 многу подобро од многу други развиени земји, со нешто повеќе од 34.000 случаи и 924 смртни случаи.