23 Април, 2024
0.0280

Австралија советува да не се патува во Македонија: Се споменуваат и можни терористички напади

Објавено во: Македонија 21 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Австралија препорачува да не се патува во Македонија, затоа што има ковид, пожари, загаден возух и можни терористички напади. 

Македонија е означена како земја со висок ризик за зараза од коронавирус.  Оваа препорака е за патниците од Австралија, а ја препорачува австралискиот сајт „Смарт травел“. Доколку сепак некој реши да патува, има препораки што да се прави и како да се однесуваат австралиските граѓани. Потребен сертификат за вакцинација за посета на сите јавни места, или сертификат за прележаност, пишува на сајтот.

„Можно е да се појават граѓански протести, кои можат да прераснат во насилство. Избегнувајте ги. Можно е да има терористички напад, дури и на оние места каде што има странски државјани. Можни се ситни кражби на аеродром или во поголемите градови. Внимавајте на вашите џебови и торби. Налето има многу пожари ширум целата земја. Во зима, пак, проблем се снегот и мразот. Загадувањето е голем проблем во земјата, па ако имате проблем со дишни патишта, советувајте се со вашиот лекар пред да патувате“, советува австралискиот сајт.

За ковид-препораките, посочено е дека границите се отворени за нивните граѓани, меѓутоа дека треба да внимаваат на границите на другите земји низ кои треба да поминат за да влезат или излезат од Македонија.

Деновиве во земјава ќе стигнат најмалку 450 Авганистанци. Од опозицијата реагираа дека земјава не треба да прифаќа бегалци, затоа што има доволно свои проблеми. 

Можеби ќе ве интересира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“