23 Јули, 2019
0.0280

АВСТРИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Ова е листа на барани занимања, а за Балканците полесни процедури!

Објавено во: Финансии 26 Април, 2019

Здружението на граѓани Привилег заедно со официјални институции на Австрија објави листа со дефицитарни занимања во таа земја.

Годинава за разлика од минатата година, има вкупно 45 дефицитарни занимања кои се зголемени за плус 20.

Целта на здружението Привилег од Виена е да им пружи правна помош на граѓаните од земјите чие потекло е екс Јуославија.

Меѓу дефицитарните занимања за 2019та година спаѓаат машински инженери, техничари, изолатери, електротехничари-инженери по енергетика (висока струја). стругари, заварувачи, алтничари, машинобравари, кувари, техничари од различни профили ...

Од тоа здружение потсетуваат дека , граѓаните на западна Европа ќе имаат можност не само за населување во Австрија туку и олеснувања во поглед на укинувањето на апсурдните одреди кои непотребно го комплицираат регулирањето на статусот специјална работна сила во Австрија.

Владата на Австрија донела одлука да ја реформира црвено-белата карта заедно со листата на дефицитарни занимања, за да се осигураат дека клучни професионалци ќе дојдат во Австрија а промените меѓу другото вклучуваат и укинувања на задолжително локално сместување при аплицирањето.

Праксата покажала дека моментно бараната минимална заработка за корисниците на црвено-белата карта е поставена превисоко и дека досега важела за лица до 30 години да примаат 2610 евра бруто во месец (2019) а во иднина би требало да се намали до 2088 евра.

За клучни работници постари од 30 години, досега минимум биле 3132 евра бруто, а сега би требало да изнесува 2610 евра.

Одлуката за тоа требало да биде донесена уште пред летото во парламентот, а и изоставување на докази за сместување и намалување на долната граница на висината на платата би требало да стапи на сила веднаш по тоа, потсетуваат од здружението.

Можеби ќе ве интересира

Ова е најскапата земја во Европа: Пијалок чини 17 евра, а чаша вино 10-каде на листата е Македонија?

Ова е најскапата земја во Европа: Пијалок чини 17 евра, а чаша вино 10-каде на листата е Македонија?

Квадрат од 4.000 евра - штом ќе се изгради се продава

Квадрат од 4.000 евра - штом ќе се изгради се продава

Куќа за 1 франк и тоа во Швајцарија: Се бараат нови жители, но има и еден услов

Куќа за 1 франк и тоа во Швајцарија: Се бараат нови жители, но има и еден услов

Цени од кои „боли“ глава

Цени од кои „боли“ глава

Сезонски работи од кои можете да заработите

Сезонски работи од кои можете да заработите

Ребалансот на буџетот се подготвува, зборот на Заев ќе е последен

Ребалансот на буџетот се подготвува, зборот на Заев ќе е последен

Колку граѓани аплицирале за социјална пензија?

Колку граѓани аплицирале за социјална пензија?

УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки

УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки

ДУИ бара од Заев да ја стави Бежовска за министер

ДУИ бара од Заев да ја стави Бежовска за министер