19 Април, 2024
0.0266

АВСТРИЈА И ДАНСКА „КРЕВААТ РАЦЕ“ ОД ЕУ: Решение за набавка на вакцини најдоа во оваа земја

Објавено во: Свет 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Австрија и Данска одлучија да ги здружат силите и да работат со Израел за производство на своја сопствена вакцина од втора генерација, која ќе биде ефикасна против видови на коронавируси и повеќе нема да се потпираат единствено на ЕУ која доцни со испораките.

Оваа одлука на Австрија и Данска да произведат вакцини со Израел, следеше откако оваа земја покажа дека е шампион во вакцинацијата против коронавирус.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека е сосема правилно ЕУ да набавува вакцини за своите земји-членки, но Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна во одобрувањето на нив, и има и проблеми во врска со набавка на вакцини и испорака .

- Ние мора да се подготвиме на време за нови видови на коронавирус. Пандемијата ќе не следи со своите мутации уште некое време - напиша Курц на Твитер.

Премиерот на Данска, Мете Фредериксен, исто така беше критична кон програмата развиена од ЕУ за добивање вакцини.

- Мислам дека не можеме да се потпреме само на тој пат на добивање вакцини, туку мора да ги зголемиме нашите капацитети. Затоа можеме да бидеме среќни што започнавме соработка со Израел - изјави Фредериксен.

Таа исто така нагласи дека е сосема во ред Данска и Австрија да работат на развој на вакцината и дека тоа е дозволено бидејќи Европската комисија во одлуката навела дека земјите-членки можат да склучуваат договори одделно доколку сакаат, пишува Ројтерс.

Австрискиот канцелар и данскиот премиер во Израел во четврток во преговори за производство на вакцини

Курц во четврток во Израел ќе се состане со данскиот премиер Мета Фредериксен и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да подготви чекори за поголема независност на овие земји во производството на вакцини.

- Израел ќе ја испита можноста за сојуз ковид-19 со Данска и Израел +, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чија земја води во бројот на вакцинирани.

Во вторникот, Курц ги покани фармацевтските компании, вклучувајќи ги Фајзер, Валнева, Новартис, Полимун и Берингер Ингелхајм, да разговараат за соработката во производството на вакцини.

Непосредно пред патувањето во Израел, австрискиот канцелар треба да се состане со претставници на фармацевтски компании, научници и претставници на здравствениот систем.


Извор: Србијаданас.рс
Фото> freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија