АВСТРИЈА ВО НОВ LOCKDOWN: Непопуларната мерка ќе трае најмалку 10 дена, а од 1.февруари вакцинацијата против ковид станува задолжителна
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2021
Од денеска
Австрија по четврти пат се „заклучува“. Целосниот локдаун, според одлуката на
Владата ќе треае најмалку 10 дена, а доколку расте бројот на заразени, можно е
да биде продолжен и до 20 дена.
Австриските власти донесоа одлука за оваа најнепопуларна антиковид мерка, откако бројот на нови случаи не стивнува, а од 1.февруари 2022, вакцинацијата против корона вирусот во Австрија ќе стане задолжителна.
Четвртото заклучување на земјата ќе значи откажување на божикните маркети, а ќе бидат затворени местата каде што луѓето се собираат ресторани, барови, културните институции, театри, кина, како и шопинг-центрите.