Австрискиот министер за здравство поднесува оставка, исцрпен е од борбата со Ковид-19
Објавено во: Свет 13 Април, 2021
Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер изјави дека се повлекува од функцијата затоа што се чувствува исцрпен од борбата против пандемијата на коронавирусот.
„Во најтешката здравствена криза во последните неколку децении, на републиката и треба министер за здравство кој е 100% способен. Ова, во моментов, не сум јас “, рече Аншобер, споменувајќи ги проблемите со крвниот притисок.
„Добив многу убава и предизвикувачка работа пред 15 месеци. „Ми се чини дека не поминаа 15 месеци, туку 15 години“, рече тој во изјава за медиумите.
Аншобер ја презеде функцијата во јануари 2020 година, пред пандемијата да ја погоди Австрија.
Аншобер, 60-годишен поранешен новинар, е еден од најпопуларните австриски политичари, познат по долгите објаснувања за пандемиските предизвици.
Аншобер во вторникот рече дека нема цел ден на одмор повеќе од една година - што му го нарушило здравјето.
Австрија, земја со 8,8 милиони жители, регистрираше над 578 000 случаи на коронавирус и над 9 700 жртви.