Автобус од Косово се судри со камион полн дрва кај Ќустендил
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2022
Косовски автобус со 32 патници се судрил со камион кај градот Ќустендил во Бугарија.
Aвтобус на компанијата „Шеро турс“ од Косово, се судрил со камион кај Ќустендил, кој пак превезувал дрва, при што е повреден еден од двајцата возачи на автобусот, објави бугарскиот портал „Струма“.
Иако некои бугарски медиуми објавија дека во несреќата биле повредени 29 патници од Косово, меѓу кои и шест деца, сепак, според изјавата на вториот возач на автобусот во сообраќајната несреќа нема повредени.
struma.bg, објави дека околу 4:30 часот автобус со патници од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва. Возачот на камионот се обидувал да им сигнализира на другите учесници во сообраќајот дека на коловозот паднало дрво.Во ноември лани, 45 луѓе од Македонија загинаа во автобуска несреќа во Бугарија, кога автобусот се запали.